Го води (организација и настава) Јога центарот во Куманово и одржува часови по јога во Јога центарот – Тафталиџе, Скопје.

Јога практикува од 2004 година под менторство на Лидија Георгиева.

2008 година почна да работи во организацијата на Јога центарот во Куманово, а во 2009 ја почна обуката за јога инструктор.

Работи со почетници и со напредни групи, како и по специјализирана програма за бремени жени.

Следи семинари за јога и медитација под водство на Лидија Георгиева.

2007 и 2008 во Скопје, го заврши курсот за ајурведска масажа под водство на Габриело Фереро од Италија, експерт за ајурведа и натуропатија.

Роден е 1982 година во Куманово.

2013 година дипломира на Факултетот за спорт и спортски менаџмент на ФОН универзитетот во Скопје. Тема на неговата дипломска работа беше „Примената на јогата во рекреациони цели“.

Тел: + 389 75 58 58 57