„Од мала, сакав да сфатам зошто живееме? Која е смислата на нашето постоење? Има ли некоја цел?

Тоа што самата го истражував, ме донесе на првиот час по јога на 3 март 1981 година во Јога друштвото – Скопје и оттогаш, скоро, 40 години јогата е мој начин на живеење. Повеќе од 35 години од тој период, тоа што го спознавам го пренесувам и на другите преку курсеви, предавања, семинари, индивидуални часови и консултации, часови по медитација, работилници, гостувања на радио и на телевизија.
Работата со луѓето, мене лично ме збогатува, но и ми била поддршка во периодите на лични кризи и падови. Благодарна сум за можноста што ја имам, знаењето да го пренесувам на другите. Нивните искуства и постигнувања ми се инспирација за нови начини на споделување на наученото.

Сум работела со повеќе илјади практиканти од сите возрасти, со бремени жени и со луѓе со здравствени проблеми, најповеќе во Скопје, но и во други градови низ Македонија.
Во изминатите 20 години водам часови по јога на Хрватското приморје како дел од годишниот одмор на луѓе од Хрватска, Италија, Германија, Норвешка и други земји.“

Активности:

  • 1996 година го основа и го води Јога центарот – Тафталиџе, Скопје. Редовно работат почетни, средни и напредни групи, а по потреба се водат и часови на англиски јазик за странци.
  • Обука на инструктори по јога
  • 2007 – 2019 – води годишен семинар за филозофијата на јогата
  • Десеттина година наназад води часови по јога за вработените во Американската амбасада во Скопје и
  • Од 2016 година води работилници за Семејни констелации.

 

Обуки:

  • 1981 – 2007: активна работа во организацијата, наставата и обуката на наставен кадар во Јога друштвото – Скопје и Јога сојузот на Македонија.
  • 1982 – Зен семинар со Филип Капло во Белград
  • 1982 – Јога семинар под водство на свами Махешварананда во Скопје
  • 1983 – Јога семинари со свами Јогамудрананда од Бихарската школа во Скопје и во Белград
  • 2001 – студиски престој во Индија и учество на „Маха кумба мела“
  • 2001 во Атина и 2003 во Скопје – Семинари за пренатална јога со Фредерик Лебоаје, гинеколог од Франција, автор на книгата „Раѓање без насилство“
  • 2003 – помина една седмица во изолација во склоп на Зен семинарот во „Наикан центарот“ во Виена
  • 2012 – 2017 – семинари за Хо`опопоно со Мабел Кац во Загреб
  • 2012 – 2016 – обука за системски терапевт за Семејни констелации кај Владо Илиќ (Загреб и Белград)
  • 2015 – 2016 – семинари за семејни констелации со Матеј Шкуфца од Словенија (Загреб)

Родена е 1960 година во Битола.

Дипломирала 1987 година на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Тел: + 389 71 23 87 85