Почетен курс

Може да го посетуваат:

·         Млади

·         Возрасни

·         Луѓе на 70, 80 години (работат по специјализирана програма)

·         Луѓе со здравствени проблеми (работат по специјализирана програма)

·         Спортисти – јогиската практика го надополнува тренингот зголемувајќи ја менталната снага, способноста за концентрација и визуелизација, како и за брза и ефикасна релаксација.

Се постигнува: способност за концентрација и релаксација, подобро здравје, внатрешен мир и зголемена самодоверба.

Се практикува:

Хата јога: телесни положби (асани), техники на дишење (пранајама) и техники на концентрација и релаксација. Се изучуваат и неколку постапки за прочистување на телото и на умот (шаткарма). Со ова се зголемуваат квалитетите за практика на медитација: удобна седечка положба во која што може да се остане подолго време, длабоко и спокојно дишење и непрекината концентрација.

Препорака: Ако имате било каков здравствен проблем, консултирајте се со учителот.

За вежбање ви е потребна комотна облека и поголема крпа која што ќе ја ставите над простирката во Јога центарот. Патики не ви се потребни.