Средни и напредни групи

Се одржуваат континуирано во текот на целата година. Се практикува во групи од 10 – 14 практиканти, но работиме и со секого индивидуално во зависност од личните потреби. Напредокот е индивидуален и зависи од личната мотивација и времето посветено на работа со себе.
За да се посетуваат, потребно е да се заврши почетниот курс по јога.Се практикува Хата и Раџа јога: телесни положби (асани), техники на дишење (пранајама), техники за контрола на енергијата (банди и мудри) и техники на концентрација и медитација.

Работиме на запознавање на внатрешниот свет: мислите, емоциите, освестување на енергетските токови и свест дека сме свесни. Се сретнуваме/ги запознаваме и прифаќаме своите слабости, стравови, комплекси, болка и лутина и учиме како да ја ослободиме енергијата од нив, но стануваме свесни и за своите квалитети и таленти кои ги развиваме. Енергијата што се ослободува ја користиме за личен развој, за подобрување на здравствената состојба и за реализација на личните цели.