Раџа јогаПат на осум степени – автор на книгата во која е собрано древното знаење за јогата е мудрецот Патанџали.

  1. Јама – пет правила што треба да се почитуваат: (1) ненасилство (ахимса), (2) вистинитост (сатја), (3) не крадење (астеја), (4) посветеност на знаењето (брамачарија) и (5) ослободеност од алчност (апариграха)
  2. Нијама – пет правила што ја помогнуваат практиката: чистота (saucha), задоволство (santosha), практика (tapas), проучување на древните списи (svadhyaya), посветеност (Isvara Pranidhana)
  3. Асана – стабилна и удобна медитативна положба
  4. Пранајама – контрола на енергијата преку длабоко и свесно дишење
  5. Пратијахара – контрола на петте сетила и на умот којшто е поврзан со сетилата
  6. Dharana (дарана) – концентрација (способност да се насочи и задржи вниманието на една содржина непрекинато за подолго време)
  7. Dhyana ијана) – медитација (способност да се навлезе и разбере суштината на нештата
  8. Samadhi (самади) – спознавање на вистината

Техники на Хата јога:

·         Шаткарма – техники за прочистување

·         Асани – телесни положби

·         Пранајама – техники на дишење

·         Банди и мудри – техники за контрола на енергијата

·         Техники на релаксација

·        Техники на концентрација

 

Шаткарма – техники за прочистување

Постојат шест процеси, односно техники на прочистување за одржување на телесната и на менталната хигиена. Некои од нив се едноставни и може сами да ги изведувате, но другите се комплексни и треба да ги практикувате под водство на искусен учител.

Чистење на јазикот: може да се практикува секој ден наутро и навечер (по миењето на забите). Со специјална алатка за чистење на јазикот (или со метална лажичка) гребете го нежно јазикот, повлекувајќи од коренот кон врвот за да ги отстранете белите наслаги. Не притискајте јако. По секое повлекување по јазикот, измијте ја лажичката. По завршувањето, со два навлажнети прста, масирајте го јазикот.
Се одржува хигиената на устата и се ослободувате од непријатни мириси.

Џала нети – чистење на носот со вода: ефикасна техника што помага да се ослободите од чести настинки, проблеми со синусите и алергиите на дишните патишта. Техниката се изведува со посебен сад – лота. За повеќе информации, обратете се во Јога центарот.

Асани – телесни положби

 

Според јогиската митологија, постојат толку асани, колку што постојат живи суштества во светот. Денес се практикуваат околу 35 различни положби.

Телото станува вито, снажно и еластично. Се зголемува виталноста, се чувствувате и изгледате убаво.

Се ослободуваат болките од `рбетот и зглобовите.

Кај децата, асаните го поттикнуваат правилниот телесен развој и помагаат во случај на сколиоза.

Според старите јогиски техники, асаните се вежба, и за телото, и за умот. Покрај телесните придобивки, се продлабочуваат концентрацијата и свесноста, се смирува умот и се активира животната енергија. Внатрешен мир, леснотија и ентузијазам се чувствува по практикувањето на асаните.

Пранајама – техники на дишење

Пранајама – техники на дишење

·         Се зголемува капацитетот на белите дробови

·         Се активира и канализира енергијата

·         Се смирува умот

·         Се ослободуваат стресот и тензијата

·         Помогнуваат во терапијата на астма и други белодробни заболувања

·         Помогнуваат да се ослободите од чести настинки

Научете ги и практикувајте ги под водство на искусен учител.

Банди и мудри – техники за насочување на енергијата

Ја активираат и канализираат енергијата.

Научете ги и практикувајте ги под водство на искусен учител.

Техники на релаксација

Не можете од вашиот живот да ги отстраните ситуациите што ви предизвикуваат стрес (всушност, животот ќе стане монотон и досаден). Но може да научите како успешно да се носите со таквите ситуации без бескрајно да се трошите себеси. А кога сте релаксирани и спокојни, тогаш носите исправни одлуки.

Има кратки (5 – 10 мин.) и долги (30 минути и подолго) техники на релаксација. Редовно практикувајќи ги, стекнувате способност за кратко време да се смирите и релаксирате и во кризни животни ситуации.

  • Учите да се ослободувате од тензијата насобрана во текот на денот, така што таа нема да се акумулира и да ве води кон истоштеност, несоница, срцеви и гастроинтестинални проблеми и сл.
  • Ослободување од болки – во вратот, рамената, `рбетот, главоболки, што се резултат на насобрана напнатост.
  • Ви се враќа внатрешниот мир и спокојното дишење и имате повеќе енергија. Кога сте спокојни, донесувате поквалитетни одлуки и сте покреативни.
  • Поквалитетно спиење

Концентрација и медитација

Медитацијата е откритие на древните мудреци од Истокот, суптилен процес на интроспекција којшто ве води кон нови спознавања вон границите на вообичаената секојдневна свесност.

Медитацијата ве поврзува со сѐ-постоечката енергија, со универзалната мудрост и љубов.

Техниките на концентрација и медитација го водат вашиот ум од состојба на страв и вознемиреност кон внатрешен мир и самодоверба.

Медитацијата се случува кога ќе се постигне одреден стапен на концентрација и практикантот станува свесен дека може да го одржи вниманието непрекинато и за долго време на еден процес, на пример, на дишењето, повторувањето на мантри или контемплација на одредена тема. На почеток тоа е тешко зашто сетилата и мислите постојано ја прекинуваат концентрацијата. При тоа, практикантот треба постојано и нежно повторно да го враќа вниманието на предметот на концентрација.

Постојат разни техники на медитација, но медитација како процес е состојба на свесност па може да се каже дека е начин на живеење.

Со редовно практикување на техниките на концентрација и медитација се постигнува состојба на смирен и сосредоточен ум, длабоко и спокојно дишење и внатрешен мир. Тоа го поттикнува процесот на себе исцелување и води кон телесна, ментална, емоционална и духовна благосостојба.

Станувате свесни за своите квалитети и способност и ги развивате, но исто така и за своите слабости коишто може да ги надминувате.

И, ја отворате вратата на љубовта и знаењето.