Потребни се нестрашливост и храброст на патот на спознавањето, патот на љубовта, велат учителите. Па денес, кога царува стравот, е духовен подвиг да се чувствуваме слободно, восхитени од животот и среќни.

Замислувајте и чувствувајте дека се будите радосни, полни со ентузијазам за можностите и искуствата што ги носи новиот ден.

Замислувајте и чувствувајте дека им се радувате и благодарите на сонцето за светлината и топлината со кои ве опсипува, на земјата по која што газите и која што ве поддржува, на воздухот зашто ве одржува во живот, на растенијата, дрвјата и цвеќињата за нивната убавина…

Замислувајте и чувствувајте дека им се радувате на прегратките со блиските и топлината на взаемната комуникација којашто ви ја храни душата.

Замислувајте и чувствувајте дека им се радувате на средбите со пријателите за споделените искуства и моменти поминати заедно.

Замислувајте и чувствувајте дека се радувате што секој ден сѐ повеќе учите да давате и да примате – љубов, поддршка, помош, грижа, зашто тоа ви овозможува да се чувствувате целосни.

Замислувајте и чувствувајте дека чекорите радосно низ животот, отворени за искуствата што доаѓаат, и за оние што ве радуваат, и за оние кои што ви носат тешкотии зашто од нив учите и растете.

И, замислувајте и чувствувајте благодарност, љубов, радост за животот – зашто тоа што го замислувате, што го чувствувате, за што зборувате и сонувате, тоа и се остварува!