Kети Едровска Исајловска е лиценциран психолог во здравство и психотерапија.  Од 1981 година се обучува во јога, а од 1992 година се обучува во гешталт психотерапија и ја применува во пракса. Јога почна да работи во Јога сојузот на Македонија, водеше курсеви и учествуваше во спроведување на голем број научни истражувања за јога во превенција и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, ревматски заболувања, кај пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција, психологија на трудот, детска и развојна психологија, спортска медицина и др. Од самиот почеток на основањето во 1981 година, беше член на редакцијата на првото списание за „Јога” во издание на Јога Друштво – Скопје

Од 1996 година работи на истражувања и програми од областа на здравствена едукација, превенција и здравствена политика во Република Македонија.

Коавтор е на десетина публикации на македонски/албански/англиски јазик,  објавени во РМ во периодот 2002-2009 година.

Член е на Гешталт Институт Скопје, МПА – Македонска Психотерапевтска Асоцијација и Комората на психолози на Р. Македонија

„Во мојата долгогодишна работа се обидувам да го збогатам моето знаење и искуство во однос на она што значи когнитивно/бихејвиорален пристап во психотераписката пракса и постигнување на општа медитативна и спиритуална благосостојба со практикувањето на јога. Верувам дека соединувањето на двете пракси  овозможува  постигнување на физичко, ментално, емотивно и спиритуално урамнотежување и обединување, кое имав можност и лично да го искусам.”

Тел: + 389 78 488 078