ЈОГА ЦЕНТАР – ТАФТАЛИЏЕ, СКОПЈЕ
Друштво за телесна и духовна благосостојба
Работи од 1996 година под водство на Лидија Георгиева
Духовна благосостојба е да сме восхитени од животот, полни со ентузијазам, љубов и радост! Поврзани со другите и светот што нѐ опкружува.
Наша мотивација е да се поттикнува личниот развој.
Да се најде внатрешна рамнотежа во секојдневието.
Да се подобри здравјето, да се урамнотежи умот и да се поттикне љубовта, за себе, за другите, за планетата.
Јога центарот е место каде што може да се дружите со луѓе кои трагаат по нови сознанија, кои учат како да се носат со животните искушенија, кои може да ве поддржат и охрабрат во моменти кога го губите еланот.
Богатството на Центарот се неговите практиканти и сите нивни мали и големи победи: постигнат внатрешен мир, нови пријателства, надминување на здравствените проблеми, зголемена виталност, поголема толерантност, повеќе елан за работа, ведрина…
Логото на Јога центарот е цртеж на академскиот сликар Васко Ташковски.