„Од мала, сакав да сфатам зошто живееме? Која е смислата на нашето постоење? Има ли некоја цел?
Тоа што самата го истражував, ме донесе на првиот час по јога на 3 март 1981 година во Јога друштвото – Скопје и оттогаш, скоро, 40 години јогата е мој начин на живеење. Повеќе од 35 години од тој период, тоа што го спознавам го пренесувам и на другите преку курсеви, предавања, семинари, индивидуални часови и консултации, часови по медитација, работилници, гостувања на радио и на телевизија. Сум работела со повеќе илјади практиканти од сите возрасти, со бремени жени и со луѓе со здравствени проблеми, најповеќе во Скопје, но и во други градови низ Македонија. |
![]() |
Активности:
- 1996 година го основа и го води Јога центарот – Тафталиџе, Скопје. Редовно работат почетни, средни и напредни групи, а по потреба се водат и часови на англиски јазик за странци.
- Обука на инструктори по јога
- 2007 – 2019 – води годишен семинар за филозофијата на јогата
- Десеттина година наназад води часови по јога за вработените во Американската амбасада во Скопје и
- Од 2016 година води работилници за Семејни констелации.
Обуки:
- 1981 – 2007: активна работа во организацијата, наставата и обуката на наставен кадар во Јога друштвото – Скопје и Јога сојузот на Македонија.
- 1982 – Зен семинар со Филип Капло во Белград
- 1982 – Јога семинар под водство на свами Махешварананда во Скопје
- 1983 – Јога семинари со свами Јогамудрананда од Бихарската школа во Скопје и во Белград
- 2001 – студиски престој во Индија и учество на „Маха кумба мела“
- 2001 во Атина и 2003 во Скопје – Семинари за пренатална јога со Фредерик Лебоаје, гинеколог од Франција, автор на книгата „Раѓање без насилство“
- 2003 – помина една седмица во изолација во склоп на Зен семинарот во „Наикан центарот“ во Виена
- 2012 – 2017 – семинари за Хо`опопоно со Мабел Кац во Загреб
- 2012 – 2016 – обука за системски терапевт за Семејни констелации кај Владо Илиќ (Загреб и Белград)
- 2015 – 2016 – семинари за семејни констелации со Матеј Шкуфца од Словенија (Загреб)
Родена е 1960 година во Битола.
Дипломирала 1987 година на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Тел: + 389 71 23 87 85