ЈОГА СЕМИНАР НА ПЕЛИСТЕР
Вежбање во природа, долги прошетки и медитации на планинските ливади
10 – 13 јуни 2021, хотел „Молика“, Пелистер
со ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА
Тема:
Свесност за сѐ присутноста
– енергија и свест –
Зошто ни е тешко да ја сфатиме сѐ-присутнта свест, мудрост?
Ние сме образувани да веруваме дека надвор од дострелот на нашите сетила не постои ништо вистинско.
Толку многу гледаме надвор, и немаме никакво образование да погледнеме внатре во себе. Живееме толку забрзано, што немаме време да видиме што се случува во нас. Надвор е реално – внатре е имагинарно, нереално. Јогините би рекле, токму спротивното е вистинито. Тоа внатре во нас е вистинско, суштинско и токму тоа го креира тоа што е надвор.
Кога зборуваме за умот, првенствено мислиме на мислите и емоциите, со што се идентификуваме. Но ние сме повеќе свеста во која што се огледуваат и од која што извираат и во која што се враќаат мислите и емоциите.
Медитација:
„Од моќта и вистината на оваа медитација,
сите битија нека имаат среќа, сите нека бидат ослободени од страдањето.
И сите нека живеат во рамнотежа,
без премногу приврзувања и без преголема одбивност
и да живеат верувајќи во еднаквоста на сѐ што живее.
Од книгата на Согјал Ринпоче – „Тибетска книга на животот и смртта“