Вежбање во природа, долги прошетки и медитации на планинските ливади
со ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА
16 – 19 јуни 2022, хотел „Молика“, Пелистер, Битола
Тема:
БАКТИ ЈОГА – ЈОГА НА ЉУБОВТА
„Љубовта е живот без страв.“ д-р Џералд Џ. Џамполски
„За мене постои само патување по патиштата кои имаат срце. И единствен достоен предизвик е тој пат да се помине во целост, до крај.“
– Дон Хуан (Карлос Кастанеда)
ПРОГРАМА:
ТЕОРИЈА – ПРЕДАВАЊА:
- Бакти јога – Божествена љубов
- Љубовта е основа за добро здравје, радост, креативност, успешен живот, виталност и долговечност
- Предизвик е да останете на патот на љубовта и во мир на сред немирот околу вас.
- Бидете храбри да го правите тоа што го сакате и ве облагородува, Животот ќе ве поддржи.
практикa:
- Бакти медитација – освестување на божественото во нас и соединување се Божествената љубов.
- Асани (телесни положби), пранајама (техники на дишење) и релаксација. Ќе вежбаме надвор, во природа.
- Карма јога – практична работа, чистење
Хотел „Молика“ – Пелистер, Битола
Се наоѓа на 1350 м.н.в., сместен во борова шума, молика.
ЦЕНА НА ЕДЕН ПОЛН ПАНСИОН:
1820 ден. во еднокреветна соба 1520 ден. во двокреветна соба
За сместувањето плаќате директно во хотелот.
МЕНИТО ВО ТЕКОТ НА СЕМИНАРОТ Е ВЕГЕТАРИЈАНСКО.
Не е дозволено консумирање на алкохол.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Семинарот ќе започне во четврток, 16 јуни, во 18ч. и ќе заврши во недела, 19 јуни, попладне (околу 16ч.).
Почнуваме со работа во 7 часот наутро и работиме активно во текот на целиот ден. Околу 22 часот работиме вечерни медитации.
Пријавувањето е со уплата на КОТИЗАЦИЈА ЗА СЕМИНАРОТ:
- РАНА ПРИЈАВА до 13 мај – 3500 ден. за редовните членовите;
– 4200 ден. за други учесници.
- 4200 денари за редовните членовите до 3 јуни 2022
- 4700 денари за редовните членовите по 3 јуни 2022
- 4900 денари за други учесници до 3 јуни 2022
- 5400 денари за други учесници по 3 јуни 2022
Ако учеството се откаже до 10 јуни 2022 се задржува 50% од котизацијата, а по 10 јуни 2022 се задржува 70% од котизацијата.
Превозот е со сопствени автомобили или со такси.
Информации на: Тел: 071 23 87 85 или: info@yoga.mk