Звучната масажа и Звучна купка
Според методот на Peter Hess, 3 и 4 јуни 2022

Драги пријатели, љубители на звукот,

ве повикуваме на презентација на

Звучни методиспоред Peter Hess во рамките на која ќе биде прикажан и дел од основите на звучната масажа

Петок,   3 јуни, 2022, од 18,30 – 19,30 и

Сабота, 4 јуни, 2022, од 11,00 – 12,00,

во Јога центарот (влез слободен)

 

 

Методата се разви на запад и е поткрепена со низа научни студии. Звучната масажа дејствува смирувачки и го регенерира и хармонизира целото тело. Нема физички контакт меѓу изведувачот и клиентот. Се работи со терапевтски чинии на облечено тело, чии фреквенции се прилагодени на одредени делови на телото. Има широк спектар на примена, од Wellness до поддршка при оправување од разни заболувања, па работа со деца и млади.

Ако сте заинтересирани, може да се пријавите за Индивидуална звучна масажа, трае еден час и чини 1550 ден.

Звучна купка (партиципација 900 ден.)

Петок, 3 јуни 2022, од 19,45 – 20,45  и  Сабота, 4 јуни 2022, од 12,15 – 13,15

Звучна купка е капење во различни звуци и фреквенции со инструменти што се користат во оваа техника: Там там гонг, Фен гонг, Тибетанска чинија, дождовно стапче, кошија, зафира и цимбало кои нѐ водат во состојба на релаксација и медитација. Лековитоста на звукот во насока на подобрување на здравјето, е позната со илјадници години. Се работи со група луѓе во лежечка положба и нема директен контакт со чиниите и инструментите.

 

Работилницата ја води Снежана Костиќ, практичар на Peter Hess звучна масажа, практичар на КЛИК програмата за деца и овластен предавач за Србија од страна на Peter Hess институтот за звучни методи од Германија.

Пријавување до 31 мај на: info@yoga.mk и тел: 071 23 87 85 (Viber и WhatsApp)