ЈОГА ЗА ПЛОДНОСТ, ЗДРАВЈЕ И ИСЦЕЛУВАЊЕ
– Специјализирана програма за полесно забременување –

Постојаните обиди за забременување можат да станат стресни. Ако вие и вашиот партнер почнете да чувствувате дека сте под притисок, работите може само да се влошат. Чувството на спокојство е исто толку важно како и исхраната и здравите навики на живеење. Студијата спроведена од Универзитетот во Оксфорд потврди дека жените кои се под голем стрес заради обидите да забременат се 12% помалку плодни за време на овулацијата. Резултатите од оваа студија исто така покажаа дека одредени техники за релаксација, телесните јогиски вежби и медитацијата, навистина можат да помогнат. Па, зошто да не се обидете? Ослободете се од стресот и очекувајте ја радосната вест.

Пријавете се на: 078/488 078 и 071/238 785

ИСКУСТВОТО НА АНА

„Мојот живот е изненадувачки различен од оној пред да го почнам својот пат кон забременувањето. И многу ми се допаѓа личноста која сум сега. Денес се чувствувам поздрава, посреќна и најдов задоволство какво што мислев дека не е можно да се постигне. Промените во животот кои ги направив за да го подготвам телото за бременост, имаат влијание на мојот сегашен живот. Сето тоа искуство ми помага да си ја исполнам мојата улога како родител.

По околу три месеци посетување часови по јога и вежбање дома, почнав навистина да се чувствувам поинаку.

Имав повеќе енергија, расположението ми беше попозитивно и едноставно почувствував некаква „топлина“ во телото што ја немаше претходно. Иако отсекогаш вежбав многу, вклучително и трчање до 30км неделно, чувствував дека станувам посилна на многу поинаков начин. Исто така, почувствував дека практикувањето на јогата го потврди моето чувство дека треба да се прилагодам на сопствената интуиција за моето тело.

Ја научив практиката на „свесност“, задржување на вниманието и когнитивно реструктуирање, што ми помогна да се извлечам од моите негативни шеми на размислување. Комуникацијата со другите жени беше големо олеснување зашто знаев дека можам да кажам сѐ за мојата ситуација, и тие ме разбираа. Се најдов себеси како се ослободувам од стресот за моите проблеми со плодноста и повторно си ја вратив можноста да уживам во животот.

По позитивниот тест за бременост, се приклучив на часовите по пренатална јога и продолжив да ја практикувам јогата и за време на бременоста. Имав прилично брзо и „лесно“ породување (4 часа), што го припишувам на јогата и особено на техниките за дишење што ги правевме на часовите. Сега кога видов дека мојата интуиција беше исправна и дека можам да забременам по природен пат, подготвена сум повторно да се обидам.