Јога за почетници
Ниво
Почетници
Датум
Понеделник и Среда
Време
20:30 – 21:40
За време на часот
Хата јога: телесни положби (асани), техники на дишење (пранајама) и техники на концентрација и релаксација. Се изучуваат и неколку постапки за прочистување на телото и на умот (шаткарма). Со ова се зголемуваат квалитетите за практика на медитација: удобна седечка положба во која што може да се остане подолго време, длабоко и спокојно дишење и непрекината концентрација.
Препорака: Ако имате било каков здравствен проблем, консултирајте се со учителот.
За вежбање ви е потребна комотна облека и поголема крпа која што ќе ја ставите над простирката во Јога центарот. Патики не ви се потребни.
Се постигнува: способност за концентрација и релаксација, подобро здравје, внатрешен мир и зголемена самодоверба.
Учители

Лидија Георгиева

Кети Едровска Исајловска
Курсот може да го посетуваат:
- Млади
- Возрасни
- Луѓе на 70, 80 години (работат по специјализирана програма)
- Луѓе со здравствени проблеми (работат по специјализирана програма)
- Спортисти – јогиската практика го надополнува тренингот зголемувајќи ја менталната снага, способноста за концентрација и визуелизација, како и за брза и ефикасна релаксација.
Курсеви на англиски јазик
Ако постојат доволен број на заинтересирани, се формира посебна група на странски јазик. Ако не, поединците се вклучуваат во редовните групи и часовите се водат и на македонски, и на англиски јазик.
Индивидуални консултации и часови
- За поквалитетно живеење и личен развој
- Поврзано со јогиската практика
- За разрешување на емоционални конфликти
- За надминување на здравствени проблеми
Ги води Лидија Георгиева која подготвува индивидуални програми за практика.
Сите курсеви

Јога за почетници

Напредна јога

Јога за трудници
