Како да ја започнете годината?

Фев 9, 2023

ЖИВЕЈТЕ ВО МОМЕНТОТ

  Со јога до нашиот „Икигаи“ – Тоа што навистина го сакам!   „Икигаи“ – јапонски израз кој значи „причина за постоење“ или „причина за да се будиме секое утро“. Тој го поддржува јогискиот концепт на „живеење во моментот“ што ни овозможува нашето внимание од крајната цел да го префрлиме на тековниот процес и моменталниот момент. Практикувајќи саморефлексија и медитација едноставно стигнуваме до дадената цел, а тоа ни носи радост во нашиот живот.  

КАКВА Е ПОВРЗАНОСТА СО ЈОГАТА? ЗОШТО ДА ЖИВЕЕМЕ ВО МОМЕНТОТ?

  Концептот „Икигаи“ ни овозможува точно да размислиме како и каде нашите страсти, таленти и желби можат или не можат да ни бидат од корист. Јогата, ни помага да се охрабриме и мотивираме по патот насочен кон тоа да го направиме. „Икигаи“ не е крајна цел, постигнување, успех. Тоа не е светски феномен или лек за болест. Тоа е стратешки метод да се препознае она што не дефинира нас и сите позитивни аспекти од нашите животи, со цел да почнеме да ги вградуваме во нашето секојдневие, за да го направиме попријатно искуството од нашето време овде и сега. „Икигаи“ е нешто до кое можеме да пристапиме секаде, во секое време, да нè врати во нашата моментална ситуација и да се прифатиме себеси такви какви што сме. Иако можеби не се наоѓаме точно онаму каде што би сакале да бидеме во моментов, брилијантноста на „икигаи“ лежи во свесноста дека секој момент што го живееме сега, придонесува за идно чувство на задоволство што на крајот ќе го најдеме ако продолжиме да живееме во овој момент. Тоа е начин да се мотивираме и да го поттикнеме сопствено лично растење.  

КАКО ДА ГО ПРОНАЈДЕМЕ СОПСТВЕНИОТ „Икигаи“?

  Важно е да се запамети дека понекогаш најтешкото нешто за нас е да седнеме и да си признаеме што навистина сакаме. За тоа е потребен добар и искрен разговор со себе – Која е мојата страст?, Во што сум добар?, Што е тоа што јас можам да му го дадам на светот? … Откако ќе ги препознаеме и прифатиме овие природни инстинкти и таленти и навистина ќе ја посветиме потребната енергија и внимание за да им помогнеме да се манифестираат како реалност, тие стануваат изненадувачки полесни за пристап и исполнување.   „Икигаи“ е во центарот на четири работи:
  1. Тоа што го сакам – вашата страст
  2. Тоа што можам да му го дадам на светот – вашата мисија
  3. Тоа во што сум добар – вашето занимање
  4. Тоа со што можам да заработам – вашата професија
  Важно е да ги откриеме и препознаеме овие четири работи, да ги поврземе во една целина што ќе ни овозможи да почувствуваме целосно задоволство.  

КАКО ДА ГО ЖИВЕЕМЕ СЕГАШНИОТ МОМЕНТ ВО ЈОГАТА?

ЗЕМЕТЕ ЕДЕН ЗДИВ

  На почетокот на секоја медитација додека сме во седечка положба, од нас се бара да земеме неколку длабоки вдишувања – тоа е еден од наједноставните и најефикасните начини да дојдеме во сегашноста и поблиску до себе, до она што сме.   Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се фокусираат на барање задоволство во моментот, се посреќни од оние кои се фокусирани на минатото. А оние кои одвојуваат време да забележат повеќе мали нешта и да уживаат во едноставните задоволства на животот се посреќни и често попродуктивни.  

Започни го твоето јога патување денес!