"Поради природата на мојата работа и неправилното држење на телото имав болки во половината и вртоглавици поради искривување на вратот. Само со еден месец јога вежби, болките се намалија, а вртоглавиците скоро исчезнаа. Се чувствувам многу подобро. Од друга страна, медитациите и техниките на дишење ми помогнаа да ја одржувам концентрацијата во текот на целиот ден и успешно да ги завршувам сите обврски."
Цвета Брезовска
“Јога часовите ми ја вратија слободата, ми ги прочистија мислите и ми дадоа сила и упорност да се изборам во најтешките времиња„
Ана Илиевска
"Благодарна сум што имав можност да практикувам јога веќе 30-ина години наназад. Имавме среќа ова учење да дојде и во Македонија и на голем дел од нас да ни го подобри квалитетот на животот. Продлабочувајќи ја поврзаноста меѓу нашиот ум и тело, јогата подлабоко нѐ поврзува и со светот во кој се наоѓаме, и со изворот од каде што доаѓаме."
Галина Димитрова
"Задоволство, енергија на телото, ми ја развива самосвеста и, најважното внатрешен мир и спокојство."
Сандра Лазаревска
"Јога вежбите, техниките на дишење сигурно делуваат на умот. Со тек на време тоа го препознав како се поголема присутност на смиреност, концетрација и енергија во извршување на секојдневните обврски"