Напредна јога
Ниво
Напредно
Датум
Понеделник и Среда
20:30 – 21:40 (+онлајн)
Вторник и Четврток
19:00 – 20:10 (+онлајн)
За време на часот
Се практикува во групи од 10 – 14 практиканти, но работиме и со секого индивидуално во зависност од личните потреби. Напредокот е индивидуален и зависи од личната мотивација и времето посветено на работа со себе.
За да се посетува напредниот курс, потребно е да се заврши почетниот курс по јога.
За време на напредниот курс се практикува Хата и Раџа јога: телесни положби (асани), техники на дишење (пранајама), техники за контрола на енергијата (банди и мудри) и техники на концентрација и медитација.
Работиме на запознавање на внатрешниот свет: мислите, емоциите, освестување на енергетските токови и свест дека сме свесни. Се сретнуваме/ги запознаваме и прифаќаме своите слабости, стравови, комплекси, болка и лутина и учиме како да ја ослободиме енергијата од нив, но стануваме свесни и за своите квалитети и таленти кои ги развиваме. Енергијата што се ослободува ја користиме за личен развој, за подобрување на здравствената состојба и за реализација на личните цели.
Учители
Лидија Георгиева
Кети Едровска Исајловска
Курсеви на англиски јазик
Ако постојат доволен број на заинтересирани, се формира посебна група на странски јазик. Ако не, поединците се вклучуваат во редовните групи и часовите се водат и на македонски, и на англиски јазик.
Индивидуални консултации и часови
- За поквалитетно живеење и личен развој
- Поврзано со јогиската практика
- За разрешување на емоционални конфликти
- За надминување на здравствени проблеми
Ги води Лидија Георгиева која подготвува индивидуални програми за практика.