Јога за трудници

Ниво

Трудници

Датум

Понеделник и Среда

Време

17:30 – 18:40

Зошто јога за време на бременост?

„За да комуницираме со бебињата, треба да им зборуваме на јазик којшто тие го разбираат, јазик што не е заснован на зборови, а сите го разбираат: Љубов

Собата за породување може да има совршени услови со соодветно осветлување, изолирана од бучава, температурата на водата за бањање може да биде точно толкава колку што треба, но без љубов, бебето, сѐ едно, ќе плаче.

Ако постои и трага од нервоза или потисната внатрешна лутина, бебето веднаш ќе ја забележи.

Нивното просудување е исклучително точно.

Бебињата, на нивниот мистериозен начин, знаат сѐ. Памтат сѐ, гледаат директно во нашите срца, ја познаваат бојата на нашите мисли, и сево ова без да знаат било каков јазик.“

„Раѓање без насилство“ – Фредерик Лебоајe 

Учител

Кети Едровска Исајловска

Јогата е древна наука за човекот и за животот. Нѐ учи како да ги запознаеме и хармонизираме телото, мислите, емоциите и енергијата и како да ја прошириме свесноста. Јогиските техники и способноста за посматрање на себеси можат да ѝ помогнат на жената да ги разбере големите промени што се случуваат во телото, психата и во душата во текот на бременоста. Бременоста и раѓањето може да бидат период на личен развој, животна радост и славење на љубовта.

Кога да се започне со курсот?

По третиот месец од бременоста може да се почне со часовите по јога и може да се вежба сѐ до породувањето. Со вежбањето се стекнува способност за релаксација, продлабочено дишење и правилно користење на енергијата, што го помага породувањето и е искуство на многу жени.

 

Се практикуваат:

  • Телесни положби (асани), погодни за периодот на бременоста. Се зголемува еластичноста и се зајакнува мускулатурата. Се ослободуваат болките од грбот и половината. Вежбите не се напорни, ниту исцрпуваат, туку го ревитализираат телото и го поттикнуваат доброто расположение.
  • Длабоко и ритмично дишење што ги снабдува клетките со повеќе кислород и го подобрува метаболизмот. Се смирува умот и се постигнува релаксација. Изјавата дека во текот на бременоста треба да јадете за двајца, не е точна, но вистина е дека треба да дишете за двајца.
  • Техниките на релаксација ги ослободуваат насобраниот замор и менталната и емоционалната тензија. Свесното дишење и способноста за релаксација се од голема помош во текот на породувањето за да жената рационално ја користи својата енергија.

  • Техниките на концентрација и медитација го смируваат умот, ја ослободуваат емоционалната тензија и носат внатрешен мир. Тие им помагаат на жените да се справат со наметнатиот страв од породувањето. Ние повеќе прифаќаме дека раѓањето е „страшно“, отколку „природно“. А стравот блокира и нерационално ја троши енергијата. Научните истражувања покажуваат дека бебето во матката е под влијание на целокупниот животен стил на мајката.

Внатрешниот мир и љубовта на мајката се од големо значење за хармоничен психички и телесен развој на новороденчето.

Што се постигнува со курсот?

Практикувајќи ги јогиските техники, бремената жена учи да се релаксира, да го контролира дишењето, да негува позитивни мисли и да ги прифати емоциите. Ѝ помагаат рационално да ја користи својата енергија и подобро да соработува со бабицата или со докторот што го олеснува породувањето.

Практикувајќи ги јогиските техники, жената си помага и по породувањето.

  • Телото по породувањето побрзо се враќа во претходната состојба. Може да се практикува постнатална јогиска програма за зајакнување на стомачните мускули и за ослободување на заморот.
  • Мајката полесно поминува низ емоционалните промени карактеристични за овој период, како и низ постнаталната депресија ако се јави.
  • Мајката полесно го одржува внатрешниот мир што се пренесува и на бебето.

„Сите наши стравови потекнуваат од периодот на раѓањето“ – Фредерик Лебоаје, автор на книгата „Раѓање без насилство“

Курсеви на англиски јазик

Ако постојат доволен број на заинтересирани, се формира посебна група на странски јазик. Ако не, поединците се вклучуваат во редовните групи и часовите се водат и на македонски, и на англиски јазик.

Индивидуални консултации и часови

  • За поквалитетно живеење и личен развој
  • Поврзано со јогиската практика
  • За разрешување на емоционални конфликти
  • За надминување на здравствени проблеми

Ги води Лидија Георгиева која подготвува индивидуални програми за практика.

Сите Часови

tree pose
Јога за почетници
tree pose
Напредна јога
tree pose
Јога за трудници
tree pose
Јога за сениори

Започни го твоето јога патување денес!