Препораки за успешен час

Ви препорачуваме јогиските техники да ги практикувате 3-4 часа после оброк. 

Со полн стомак не можете да ги изведувате ниту асаните (телесните техники), ниту техниките на дишење, концентрација и медитација.

 

Не консумирајте алкохол и зачинета храна, како ни лук и кромид во деновите кога доаѓате на часовите по јога. 

Тоа ве прави троми и ви го отежнува вежбањето, но и непријатен мирис се шири во просторијата што им смета на другите.

 

Не го напуштајте часот пред учителот да го заврши. 

Ако планирате да заминете порано, информирајте го наставникот за тоа пред почетокот на часот. Исто така, информирајте нѐ ако планирате повеќе часови да бидете отсутни.

Ако доцните и часот веќе започнал, почекајте учителот да ве повика да влезете.

На часови доаѓајте 10-тина минути порано за да имате време да се подготвите.

 

Не влегувајте во салата со обувки што ги носите надвор.

За вежбање не ви се потребни патики.

 

Носете удобна и чиста облека, особено чисти чорапи и маички. Облеката што ја носите на часовите нека биде само за јога.

 

Не газете на простирките за вежбање.

Тие се симбол на место за лична практика. Особено бидете внимателни кога веќе некој ја поставил својата крпа над простирката, не ја газете.

Додека чекате да започне часот бидете тивки ако претходниот час не е завршен зашто звуците се слушаат во салата за вежбање. Почитувајте ги тие што вежбаат пред вас.

 

Кога ќе влезете во салата за вежбање, не зборувајте. Оставете умот да се смири и часот ќе биде поуспешен.

 

Проѕевањето е природен процес, но бидете дискретни и тивки за да не го нарушувате мирот на другите во просторијата. Дишете свесно и длабоко низ нос, ќе ви помогне да ја задржите будноста.

 

Мобилните телефони оставете ги во соблекувалната и исклучете ги. Ѕвонењето се слуша и во салата за вежбање и ве вознемирува и вас и другите. Додека сте на час, времето посветете си го себеси.
Учејќи како да се почитувате себеси и да си посветите време, ќе знаете да ги почитувате и другите.

 

Мастиките и другите отпадоци одложете ги во кантите за отпадоци. Не фрлајте ги во дворот или пред вратата на Јога центарот.

Бидејќи улицата што води до Јога центарот е тесна, ве молиме, автомобилите да ги паркирате на главната улица. Пешачејќи неколку минути до Центарот, имате прилика да го смирите умот и да се подготвите за часот.

Ве молиме, редовно плаќајте ја месечната членарина.