Повеќе за нас
Основано во 1996 година под водство на Лидија Георгиева, јога центарот е место каде што може да се дружите со луѓе кои трагаат по нови сознанија, кои учат како да се носат со животните искушенија, кои може да ве поддржат и охрабрат во моменти кога го губите еланот.
Богатството на Центарот се неговите практиканти и сите нивни мали и големи победи: постигнат внатрешен мир, нови пријателства, надминување на здравствените проблеми, зголемена виталност, поголема толерантност, повеќе елан за работа, ведрина.
Нашата мотивација е да се поттикнува личниот развој.
Среќни ученици
Години постоење
Број на часови
Јога учители
Нашата стручност
Јога центарот поттикнува духовна благосостојба која ни овозможува да сме восхитени од животот, полни со ентузијазам, љубов и радост! Поврзани со другите и светот што нѐ опкружува.
Помага да пронајдеме внатрешна рамнотежа во секојдневието, да го подобриме здравјето, да се урамнотежи умот и да се поттикне љубовта, за себе, за другите, за планетата.