Јога за сениори

Ниво

Почетници – сениори

Датум

По формирање група

Време

По формирање група

Зошто јога на 70 и 80 години?

Како ќе се чувствувате и изгледате на 70, 80 и повеќе години, е ваш избор и одговорност. Може да ја задржите виталноста на телото, бистрината на умот, креативноста и активно да живеете.  Тоа зависи од верувањата што ги имате за себе и за животот. Ако верувате дека поодминатите години одат рака под рака со болестите – висок крвен притисок, срцеви заболувања, болки во телото, губење на еластичноста и подвижноста, заборавност, тогаш, тоа и ќе го имате. Нашите верувања и мисли, го иницираат тоа што ни се случува во животот.

Тешко е да поверувате дека може да ги избегнете сите овие негативни состојби ако не научите како да ги посматрате и насочувате своите мисли. Затоа и ви е тешко да ги менувате навиките и верувањата што не ви се од корист.

Кога луѓето доаѓаат на 50, 60 години почнуваат да ја губат виталната енергија и се потпираат на медикаменти за да си го подобрат здравјето. Грижите, лутината, лошото расположение и неактивноста го забрзуваат стареењето. Многумина веруваат дека сѐ што било важно во нивните животи поминало. Особено жените, кои цел свој живот се грижеле за некого па кога овие обврски завршуваат зашто децата, па и внуците, пораснале, се чувствуваат осамени и бескорисни. Тоа води кон депресија.

Учител

Лидија Георгиева

Јогиската филозофија вели дека, кога обврските кон семејството и општеството се намалуваат или завршуваат, е време поинтензивно да се позанимаваме со себеси. Време е да ги направите работите што отсекогаш сте ги сакале, но не сте имале време за нив. Поодминатите години не се пречка за тоа ако научите како да ги чувате својата енергија здравјето.

Нормално е на овие години да ја немате истата снага како и на 25 години. Но, може да научите како да ја пренасочувате својата енергија и поинаку да ја користите телесната и менталната снага за да не се исцрпувате, а да останете активни.

Асаните, телесните положби во јога, не ве заморуваат и не ви ја трошат енергијата. Напротив, бавните и нежни движења и истегнувањата ја релаксираат и ја зацврстуваат мускулатурата. Коските и зглобовите добиваат повеќе хранливи материи. Телото станува поцврсто и поеластично. Техниките на дишење ви носат повеќе кислород во организмот и ви го подобруваат имунитетот.

Додека ги изведувате асаните и техниките на дишење треба да бидете концентрирани на вашата практика. Така ја подобрувате концентрацијата и го смирувате умот. Тоа, заедно со практиката на медитацијата ги насочува вашите мисли и емоции кон позитивни искуства. Ова го смирува нервниот систем, ви го подобрува спиењето и ви го враќа доброто расположение.

Практикувањето на јогата ви е неопходно ако страдате од:

  • Остеопороза
  • `Рбетни заболувања

 

  • Спондилоза
  • Ревматизам

Ако имате акутни болки, побарајте помош од лекар. Штом ќе ви биде подобро, почнете со вежбање. Тоа е единствен начин да го спречите повторното појавување на болките. Вежбајте во границите на вашите можности и постепено зголемувајте ги. Редовното вежбање ќе ви ја подобри здравствената состојба. најдобро е да вежбате под водство на инструктор.

Курсеви на англиски јазик

Ако постојат доволен број на заинтересирани, се формира посебна група на странски јазик. Ако не, поединците се вклучуваат во редовните групи и часовите се водат и на македонски, и на англиски јазик.

Индивидуални консултации и часови

  • За поквалитетно живеење и личен развој
  • Поврзано со јогиската практика
  • За разрешување на емоционални конфликти
  • За надминување на здравствени проблеми

Ги води Лидија Георгиева која подготвува индивидуални програми за практика.

Сите Часови

tree pose
Јога за почетници
tree pose
Напредна јога
tree pose
Јога за трудници
tree pose
Јога за сениори

Започни го твоето јога патување денес!