ЈОГА СЕМИНАР – БИДЕТЕ ЕДНО СО ИЗВОРОТ НА ЖИВОТОТ

Фев 23, 2026

БИДЕТЕ ЕДНО СО ИЗВОРОТ НА ЖИВОТОТ

Шаткармас – телесна и ментална хигиена за да се доближите до божествената  вибрација

 

11 – 14 јуни 2026, хотел „Молика“,  Пелистер, Битола 

Вежбање во природа, долги прошетки и  медитации на планинските ливади

 

„Ние не сме луѓе кои имаат духовно искуство, туку духовни битија кои имаат човечко искуство.“

ПРОГРАМА: 

ТЕОРИЈА – ПРЕДАВАЊА: 

  • Шаткармас – техники за телесна и ментална хигиена за подобро здравје и  ослободување на обрасците на однесување и верувања што ги ограничуваат  вашите способности и таленти. 
  • Ние го создаваме светот во којшто живееме. Ако живееме во согласност со  својата божествена природа, тогаш создаваме хармоничен свет на љубов,  почитување, поврзаност и убавина. Освестување на моќта за креација што ја  имаме. 

ПРАКТИКА: 

Медитации – со седење и во движење – увид во природата на умот, свесност за  мислите и емоциите, влегување во состојба на свесно присуство што ве поврзува  со божественото. 

Мона останување во тишина (не зборување и внатрешна тишина) Асани (телесни положби), пранајама (техники на дишење) и релаксацијаЌе вежбаме во природа. 

Хотел „Молика“ – Пелистер, Битола 

Се наоѓа на 1350 м.н.в., сместен во борова шума, молика. 

ЦЕНА НА ЕДЕН ПОЛУ-ПАНСИОН: ᴥ 1890 ден. во двокреветна соба  ᴥ 2190 ден. во еднокреветна соба 

За сместувањето плаќате директно во хотелот.  

ПРЕПОРАЧАНО МЕНИ ВО ТЕКОТ НА СЕМИНАРОТ Е ВЕГЕТАРИЈАНСКО. Не е дозволено консумирање на алкохол. 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Семинарот ќе започне во четврток, 11 јуни, во 18ч. и ќе заврши во  недела, 14 јуни, попладне (околу 16ч.).  

Почнуваме со работа во 7 часот наутро и работиме активно во текот на целиот ден.  Околу 22 часот работиме вечерни медитации. 

Пријавувањето е со уплата на КОТИЗАЦИЈА ЗА СЕМИНАРОТ:

  • РАНА ПРИЈАВА до 30 април 2026:

4500 ден. за редовните членови; 

5500 ден. за други учесници.

  • 5200 денари за редовните членовите до 30 мај 2026 

6200 денари за редовните членовите по 30 мај 2026 

  • 6200 денари за други учесници до 30 мај 2026  

7200 денари за други учесници по 30 мај 2026 

Ако учеството се откаже до 30 мај 2026 се задржува 50% од котизацијата, а по 30 мај 2026 се задржува 70% од котизацијата. 

Превозот е со сопствени автомобили или со такси. 

Информации на: Тел: 071 23 87 85 или: info@yoga.mk 

Започни го твоето јога патување денес!