5 – 8 декември 2025, хотел „Scadrus“, Попова Шапка
Тема:
Тихување
Останување во тишина (мона) –
внатрешна и надворешна

„Ако останеме доволно долго не правејќи ништо, ќе почнеме да чувствуваме нешто. Тоа „нешто“ е она што, во суштина, сме.“
ПРОГРАМА:
ТЕОРИЈА:
- Доживување на себеси и спознавање на светот преку менталниот концепт (јас=его), и искусување преку свесно присуство (Јас = Атман).
- Ние го создаваме светот во којшто живееме. Ако ја живееме својата божествена природа, тогаш создаваме хармоничен свет на љубов, почитување, поврзаност и убавина.
- Освестување на моќта за креација што ја имаме.
ПРАКТИКА:
- Медитации – со седење и во движење – увид во природата на умот, свесност за мислите и емоциите, влегување во состојба на свесно присуство што ве поврзува со божественото.
- Мона – останување во тишина (не зборување, и внатрешна тишина)
- Асани (телесни положби), пранајама (техники на дишење) и релаксација.
МЕСТО: Хотел „Scadrus“ – Попова Шапка
Хотел со 4 ѕвезди со спа центар.
ЦЕНА НА ЕДЕН ПОЛУ ПАНСИОН (доручек и вечера):
ᴥ 45 евра во двокреветна соба ᴥ 54 евра во еднокреветна соба
Имаме три полу пансиона.
За сместувањето плаќате директно во хотелот.
МЕНИТО е по сопствен избор. Не е дозволено консумирање на алкохол.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Семинарот ќе започне во петок, 5 декември, во 18ч. и ќе заврши во понеделник, 8 декември, попладне (околу 15ч.).
Почнуваме во 7 часот наутро и работиме активно во текот на целиот ден. Околу 21 часот работиме вечерни медитации.
Пријавување до 27 ноември со уплата на КОТИЗАЦИЈА ЗА СЕМИНАРОТ:
- 4200 ден. за редовните членови;
- 5900 ден. за други учесници.
Ако учеството се откаже се задржува 50% од котизацијата.
Превозот е со сопствени автомобили или со такси.
Информации на: Тел: 071 23 87 85 или: info@yoga.mk
