Јога семинар со Лидија Георгиева

Ное 19, 2025

5 – 8 декември 2025, хотел „Scadrus“, Попова Шапка

Тема:

Тихување

Останување во тишина (мона) –
внатрешна и надворешна

„Ако останеме доволно долго не правејќи ништо, ќе почнеме да чувствуваме нешто. Тоа „нешто“ е она што, во суштина, сме.“

ПРОГРАМА:

 

ТЕОРИЈА:

  • Доживување на себеси и спознавање на светот преку менталниот концепт (јас=его), и искусување преку свесно присуство (Јас = Атман).
  • Ние го создаваме светот во којшто живееме. Ако ја живееме својата божествена природа, тогаш создаваме хармоничен свет на љубов, почитување, поврзаност и убавина.
  • Освестување на моќта за креација што ја имаме.

 

ПРАКТИКА:

  • Медитации – со седење и во движење – увид во природата на умот, свесност за мислите и емоциите, влегување во состојба на свесно присуство што ве поврзува со божественото.
  • Мона останување во тишина (не зборување, и внатрешна тишина)
  • Асани (телесни положби), пранајама (техники на дишење) и релаксација.

 

МЕСТО: Хотел „Scadrus“ – Попова Шапка

Хотел со 4 ѕвезди со спа центар.

ЦЕНА НА ЕДЕН ПОЛУ ПАНСИОН (доручек и вечера): 

ᴥ 45 евра во двокреветна соба   ᴥ 54 евра во еднокреветна соба

Имаме три полу пансиона.

За сместувањето плаќате директно во хотелот. 

 

МЕНИТО е по сопствен избор. Не е дозволено консумирање на алкохол.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Семинарот ќе започне во петок, 5 декември, во 18ч. и ќе заврши во понеделник, 8 декември, попладне (околу 15ч.).
Почнуваме во 7 часот наутро и работиме активно во текот на целиот ден. Околу 21 часот работиме вечерни медитации.

 

Пријавување до 27 ноември со уплата на КОТИЗАЦИЈА ЗА СЕМИНАРОТ:

  • 4200 ден. за редовните членови;
  • 5900 ден. за други учесници.

 

Ако учеството се откаже се задржува 50% од котизацијата.

 

Превозот е со сопствени автомобили или со такси.

Информации на: Тел:  071 23 87 85  или:  info@yoga.mk

Започни го твоето јога патување денес!