Јога како терапија

Вашиот имунитет се зголемува и ставот кон болеста се менува ако сфатите и доживеете дека можете сами да си го подобрите здравјето.

Јогата стана популарна на Запад затоа што се покажа (и преку научни истражувања) дека јога терапијата го подобрува телесното и психичкото здравје и води кон духовна благосостојба на современиот, динамичен човек.

Менталните техники ги намалуваат последиците од живеењето под стрес, техниките на дишење носат повеќе енергија, а телесните вежби го одржуваат телото во добра форма.

Важно е да сфатиме дека терапевтските програми за различни заболувања се комбинација на телесни, ментални и техники на дишење и на прочистување бидејќи човекот е единство на тело, ум, душа и енергија кои се меѓусебно поврзани. Болеста, како и оздравувањето, се манифестира на сите нивоа. Коренот, причината на болеста лежи длабоко во нашата душа и исцелувањето започнува од тука.

Јога техниките помагаат во:

  • Срцеви заболувања – јогиската практика помогнува да ги промените лошите навики на живеење што ве одвеле кон болест и ги намалува последиците од доживеаниот стрес.
  • `Рбетни заболувања – ги истегнуваат, релаксираат и зајакнуваат мускулите и го подобруваат држењето на телото.
  • Остеопороза, ревматизам и артритис – телесните вежби не се агресивни и исцрпувачки. Бавните и нежни движења помогнуваат коските и зглобовите да добиваат доволно хранливи материи.
  • Менопауза – непријатните симптоми се намалуваат или потопно исчезнуваат.
  • Астма и други белодробни заболувања – може да ги надминете овие заболувања кои, како и многу други, имаат психосоматско потекло.
  • Несоница и постојан замор – енергијата се обновува
  • Чести настинки – после неколку недели редовна практика, потполно исчезнуваат.
  • Дијабетес – редовна практика му помогнува на организмот да се бори со болеста.

Се изработуваат специјализирани терапевтски програми.