РАЏА ЈОГА – ЈОГА НА МЕДИТАЦИЈАТА

Јун 22, 2023

Петнаесетиот по ред ЈОГА СЕМИНАР на тема РАЏА ЈОГА – ЈОГА НА МЕДИТАЦИЈАТА со Лидија Георгиева се одржа на планината Пелистер, од 15 – 18 јуни 2023.

 

 

Подолго време нашите членови имаа желба да се запознаат со овој дел од јогата и да научат искуствено повеќе за медитацијата како начин и пат на самоспознавање. Медитацијата значи проширување на свесноста, спознавање на нашата вистинска природа, соединување на телото, умот и душата.

 

 

 

Преубавата природа на Пелистер беше инспирација да работиме  Медитации – во седечка положба и во движење, за подобро спознавање на природата на умот, свесност за мислите и емоциите и влегување во состојба на свесно присуство што не поврзува со божественото. Целта на Медитацијата е и освестување на моќта за креација што ја имаме и освестување за тоа дека ние го создаваме светот во којшто живееме.

 

 

Медитацијата значи отворање кон љубовта за себе и светот чиј дел сме и ние самите.

 

Започни го твоето јога патување денес!