Работилница за семејни констелации

Окт 14, 2022

РАБОТИЛНИЦА ЗА СЕМЕЈНИ КОНСТЕЛАЦИИ


И МЕДИТАЦИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА СТЕКНАТИТЕ УВИДИ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО

Во Јога центарот – Тафталиџе, Скопје ја води Лидија Георгиева

  • Сабота, 5 ноември 2022, од 11 до 19 часот

Семејна констелација е метод на групна работа за личен развој. Ако сакате:

  • да ги подобрите фамилијарните, партнерските и деловните односи,
  • ја барате смислата и радоста на живеењето,
  • подобро здравје и внатрешен мир,
  • да се ослободите од негативни ситуации што ви се повторуваат, од состојба во која што се чувствувате блокирани или не можете потполно да ги изразите своите потенцијали,
  • да ги разрешите: стравот, чувството на кривица, обвинувањето, бесот, преоптовареноста и депресијата,

Дојдете на работилницата!

Семејната констелација е метода на работа во група што ја разви германскиот терапевт и филозоф Берт Хелингер, во средината на седумдесеттите години на минатиот век. Има за цел да го извади на виделина она што било потиснато, заборавено, или несакано да се види, било на лично или транс генерациско ниво. На тој начин повторно се воспоставува рамнотежа и севкупност на енергетското поле, како на индивидуалното, така и на семејното. Тоа носи психолошко олеснување и го придвижува процесот на исцелување на нивото на психата, телото и душата.

Низ праксата се покажа дека методата има и исцелително дејство зашто го подржува процесот на оздравување кај разни болести.

Може да изберете било која тема на која што ќе работите; на пример: болки во телото (грбот, коленото …), несоница, внатрешен немир или конфликт, конфликт со некое лице, внатрешна блокада што сакате да ја разрешите, болест, страв, физичка повреда,  партнерски односи, деловни проблеми, финансиски  проблеми и тн.

Темата на која што ќе работите НЕ МОРА јавно да биде споделена со другите.
Всушност, кога се поставува проблемот и додека трае разрешувањето на системската констелација, никој од присутните не ја знае темата. Така се избегнува интелектуалното анализирање и се остава можност да се активираат енергетските процеси кои што ќе доведат до разрешување на конфликтот. На сите ви се познати состојбите кога интелектуално разглабате еден проблем, но не наоѓате решение. Поставувајќи си лична цензура за да се заштитиме од болката, не ја согледуваме вистината па така проблемот не може ниту да биде разрешен и се повторува со слични сценографии.

По завршувањето на констелацијата на којашто работите, ако сакате вашата тема може да ја споделите со другите. Многу често, ќе видите дека вашата тема е и тема на многумина други, што се покажува на работилниците. Спознанието дека не сме сами со својот проблем, е олеснувачко – многумина други можат да нѐ разберат и да ни помогнат.

При поставувањето на семејните констелации учествуваат сите, без оглед на тоа дали вие поставувате тема или не. Улогите во кои што сте избрани се, исто така, ваша тема, без оглед дали тоа го препознавате тогаш или отпосле.

Лидија Георгиева пет години (2012 – 2016) посетувала едукација за системски терапевт, кај Владо Илиќ, кој дваесетина години работи на просторот на поранешна Југославија, во Германија и САД и две години (2016-2017) кај Матеј Шкуфца од Словенија. Од 2016 г. самостојно води работилници за семејни констелации.

Во 2007 година во Србија семејната констелација е призната како алтернативна медицинска техника од Министерството за здравство.

Донација за работилницата е 2500 денари за членовите на Јога центарот и за оние кои ги посетувале претходните работилници; 3500 денари за други учесници.

Информации и пријавување на телефон 071 23 87 85 или преку е-пошта: info@yoga.mk најдоцна до 03.11.2022.

Започни го твоето јога патување денес!