Јога практика за здрави бели дробови

Мар 14, 2023

Практикувањето на јога асаните помага во разградувањето на прекумерната слуз во белите дробови и нејзино исфрлање од телото. Вишокот на честички на слуз во белите дробови и респираторниот тракт можат да го направи телото подложно за размножување на различни видови на бактерии.

 

Јога асаните кои вклучуваат абдоминално, торакално и клавикуларно дишење, ефикасно помагаат во стекнување контрола на здивот, ги поправаат погрешните навики за дишење и го зголемуваат внесот на кислород. Ако се практикуваат редовно, овие асани помагаат за правилно дишење, со продолжување на процесот на вдишување и издишување, ги зајакнуваат мускулите на белите дробови, ја подобруваат  нивната функција а исто така помагаат во лекувањето на разни респираторни нарушувања како што се кашлицата, настинката, синуситис, астма и др.

 

Во јога здивот е препознаен како ПРАНА, движечка животна сила и енергија. Правилното течење на оваа енергија низ телесните канали не дозволува застој, кој ако се појави предизвикува болки во телото и други здравствени проблеми, таму каде што е сопрен протокот на енергијата.

 

Јога асани кои се препорачуваат:

 

Parivrtta Sukhasana  (Торзија во седечка позиција):

 

Оваа положба го стимулира протокот на крв во белите дробови, а исто така помага за исфрлање на штетните токсини од мускулите на белите дробови. Редовното практикување ја зголемува концентрацијата и ги намалува стресот и анксиозноста.

 

Bhujangasana (Кобра):

 

Положбата на кобра помага во истегнување на градите и белите дробови, го зајакнува ‘рбетот и грбните мускули и обезбедува ослободување од симптомите на астма. Ја подобрува менталната смиреност

 

Matsyasana (Риба)

 

Оваа асана е позната  како „Уништувач на сите болести“. Положбата на риба ни овозможува длабоко дишење, со истегнување и зајакнување на мускулите на белите дробови и помага за подобра циркулација на крвта низ целото телото.

 

Ustrasana (Камила)

 

Истегнувањето кон назад ги зацврстува мускулите на градниот кош, грбните мускули и рамениците. Ги масира абдоминалните органи ублажувајќи ги дигестивните проблеми.  Тоа е корисно за оние кои страдаат од болки во грбот, астма, бронхитис и други белодробни заболувања.

 

Ardha Matsyendrasana (Торзија)

 

Поставувањето на телото во торзија и излегувањето од торзијата, предизвикува длабоко дишење, што значи повеќе кислород во целото тело. Исто така, помага во зајакнување на имунолошкиот систем и ублажување на болките во грбот.

 

Sarvangasana (Обратна позиција)

 

Оваа асана помага за правилното проширување на градите што овозможува полесно движење на воздухот до белите дробови. Обратната положба на телото делува како масажа за внатрешните органи, што пак помага за подобро исфрлање на токсините од телото. Обратната позиција  ја подобрува рамнотежата на телото и ги зајакнува репродуктивниот и нервниот систем.

 

Започни го твоето јога патување денес!