Прегрнете го духот на пролетта со Јогата

Мар 22, 2023

Цветовите цветаат, птиците пеат, а луѓето со рацете ја допираат почвата. Пролетта е во воздухот! Но, дали пролетта е присутна во вашата јога пракса? Пролетта е време на обновување, трансформација и отпуштање на старото за да се направи простор за новото. Пролетната енергија е насекаде околу нас, затоа внесете го духот на пролетта во вашата јога пракса.

Зимските месеци се карактеризираат со намалена енергија во телото. Се појавува повеќе слуз во белите дробови, чувство на летаргија и поспаност, зголемување на телесната тежина заради побавно варење на храната. Со практикувањето на одредени јога положби енергијата (праната) се придвижува во телото, како што ветерот ги движи облаците на небото.  Праната е таа која ги движи течностите и флегмата во телото и придонесува за општата состојба на здравје и среќа.

 

Се надеваме дека ќе уживате во овие природни положби кои ќе ви помогнат да ги прилагодите вашите енергии и да ги усогласите со годишните времиња.

 

Dhanurasana (положба на лак):  Ги зајакнува мускулите на грбот и нозете, градниот кош и ги масира внатрешните абдоминални органи.

 

Trikonasana (положба на триаголник): Оваа положба им помага на органите за варење, ги отвора градите и ја подобрува функцијата на белите дробови. Исто така, ги зајакнува нозете, грбот и мускулите на карлицата.

 

Vrkhsasana (положба на дрво): Стоењето на едната нога во оваа положба помага да се балансира елементот на земјата и помага за воспоставување на внатрешна рамнотежа.

 

Halasana (положба на плуг): Ова е обратна јога положба која го истегнува ‘рбетот и ги зајакнува и тонизира мускулите на грбот. Ја ублажува затегнатоста во вратот, рамената и зглобовите и ја подобрува флексибилноста на целото тело. Ја зајакнува циркулацијата, го нормализира крвниот притисок и го намалува нивото на шеќер во крвта. Оваа вежба ги стимулира органите за варење.

Често се вели, кога телото се поставува во обратна положба може да донесе нови начини на размислување, да понуди ново гледање на работите или да го зголеми нашето расположение.

Започни го твоето јога патување денес!