Вежбање во природа, долги прошетки и медитации на планинските ливади
15 – 18 јуни 2023, хотел „Молика“, Пелистер, Битола
Тема:
РАЏА ЈОГА – ЈОГАТА НА МЕДИТАЦИЈАТА
Ако останеме доволно долго не правејќи ништо, ќе почнеме да чувствуваме нешто. Тоа „нешто“ е она што, во суштина, сме.
Патанџали: Осум степени практика до себе-спознавање
ПРОГРАМА:
ТЕОРИЈА – ПРЕДАВАЊА:
- Јога – историја, филозофија, јогата денес
- Раџа јога – медитацијата како пат на спознавање
- Yama (што да не се прави) и niyama (што да се прави) – етички принципи што ве облагородуваат и водат кон божествено живеење
- Ние го создаваме светот во којшто живееме. Освестување на моќта за креација што ја имаме.
практикА:
- Медитации – со седење и во движење – увид во природата на умот, свесност за мислите и емоциите, влегување во состојба на свесно присуство што ве поврзува со божественото.
- Мона – останување во тишина (не зборување и внатрешна тишина)
- Асани (телесни положби), пранајама (техники на дишење) и релаксација. Ќе вежбаме надвор, во природа.
Хотел „Молика“ – Пелистер, Битола
Се наоѓа на 1350 м.н.в., сместен во борова шума, молика.
ЦЕНА НА ЕДЕН ПОЛН ПАНСИОН:
ᴥ 2220 ден. во двокреветна соба ᴥ 2470 ден. во еднокреветна соба
За сместувањето плаќате директно во хотелот.
МЕНИТО ВО ТЕКОТ НА СЕМИНАРОТ Е ВЕГЕТАРИЈАНСКО.
Не е дозволено консумирање на алкохол.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Семинарот ќе започне во четврток, 15 јуни, во 18ч. и ќе заврши во недела, 18 јуни, попладне (околу 16ч.).
Почнуваме со работа во 7 часот наутро и работиме активно во текот на целиот ден. Околу 22 часот работиме вечерни медитации.
Пријавувањето е со уплата на КОТИЗАЦИЈА ЗА СЕМИНАРОТ:
- РАНА ПРИЈАВА до 10 мај – 3900 ден. за редовните членовите;
– 4900 ден. за други учесници.
- 4900 денари за редовните членовите до 2 јуни 2023
- 5900 денари за редовните членовите по 2 јуни 2023
- 5900 денари за други учесници до 2 јуни 2023
- 6900 денари за други учесници по 2 јуни 2023
Ако учеството се откаже до 9 јуни 2023 се задржува 50% од котизацијата, а по 9 јуни 2023 се задржува 70% од котизацијата.
Превозот е со сопствени автомобили или со такси.
Информации на: Тел: 071 23 87 85 / 078 48 80 78 или: info@yoga.mk