Кога размислуваме за рамнотежата најчесто ја поврзуваме со снагата и цврстината, како физичка така и ментална. Во јогата, зголемувањето на внатрешната снага доаѓа со способноста да научиме да го контролираме сопственото тело, без разлика на положбата во која се наоѓаме. Да го совладаме правилното дишење и насочувањето на вниманието кон себе и внатрешните процеси.
Положба на воинот (Virabhadrasanа)
Оваа стоечка положба прави да се чувствувате неверојатно силни додека стоите цврсто со спуштени колкови кон долу и нозете истегнати под агол.
Бидете концентрирани: замислете дека има права линија што се протега од вашиот лев среден прст до вашиот десен среден прст. Чувајте ги рамената опуштени кон долу. При секое вдишување исправете го ‘рбетот и при секое издишување зацврстете се подобро во положбата.
Положба на дрво (Vriksasan)
Добрата рамнотежа бара ментална и физичка подготвеност. Остриот ум ни помага да размислуваме и да останеме на нозе. Одржувањето на рамнотежата е сложен систем и процес. Оваа положба ја подобрува нашата невромаскуларна координација. Помага при одржувањето на рамнотежата и издржливоста и ја подобрува будноста и концентрацијата.
Положба на тигар (Vyaghrasana)
Оваа положба е динамична јога вежба која го загрева телото. Движењата на телото координирани со дишењето им обезбедува длабока релаксација на умот и на телото. Оваа јога положба ја подобрува флексибилноста на ‘рбетот и ги зајакнува мускулите на стомакот, грбот, нозете, колковите и задниот дела на телото.
Положба на коњаник (Ashwa Sanchalanasana)
Едната нога и дланиките се поставуват ниско на подот или со рацете кон горе. Во практиката на јога, оваа положба е балансирачко држење на телото кое го учи практикантот како да ги усогласи спротивставените сили за да создаде стабилност.
Јогата ја подобрува силата, рамнотежата и флексибилноста. Бавните движења и длабокото дишење го зголемуваат протокот на крв и ги загреваат мускулите, додека останувањето во дадена положба му дава сила на телото.
Дали јогата не прави ментално силни?
Како пракса со многукратни поволни дејства, се покажа дека јогата во нашето тело ги намалува хормоните на стрес и истовремено ги зголемува корисните хемикалии -невротрансмитери во мозокот како ендорфините и ГАБА (гама-аминобутерна киселина). Оваа состојба ни овозможува да се чувствуваме добро, помага да се намали анксиозноста и да се подобри општото расположение.